Од Македонија пат известија дека поради обилни врнежи и поројници кои носат материјал на коловозот сообраќајот на магистралниот пат А1 Кавадарци – Прилеп (кај с.Дреново) моментално е во прекин.
Екипите на ЈП Македонијапат се на терен и се работи на расчистување и нормализација на сообраќајот.
„Алармантно кај Плетвар – водата носи се пред себе, има и свлечиште, патот во прекин!“, е објавено на социјалните мрежи.
Видео на ЛИНКОТ
Исто така, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп од 7:20 часот е во целосен прекин поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец.
Како што информира АМСМ, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.







