Традицијата во село Сливово за големиот христијански празник Свети Јован Крстител продолжува. Поранешниот спикер на македонското собрание, Трајко Велјаноски преку својот фејсбук профил денеска сподели со јавноста дел од атмосферата
Тој во кратки црти објасни дека низ селото се шета со крстот кој за време на вчерашниот ден се фрла во најблиската река.
– Село Сливово – Славна Дебрца, со крстот по куќи за женски Водици. За многу години СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ! – напиша Велјаноски.








