Поранешниот папа ќе сведочи во судење за сексуална злоупотреба на деца од свештеник во Германија

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти е подготвен да сведочи во судењето за сексуална злоупотреба во јужна Германија, потврди портпаролката на судот.



Случајот се фокусира на свештеник педофил кој, според германскиот закон за приватност, е познат како Питер Х.

Бенедикт Шеснаесетти, пред да стане Папа, служел како надбискуп на Минхен и Фрајзинг од 1977 до 1982 година.

Тој се повлече од Светата столица во 2013-та година. Тој сега ја носи титулата „почесен папа“.

Обвинителите се обидуваат да се утврди вината на свештеникот и другите црковни службеници во историскиот случај на злоупотреба на сега веќе 38-годишниот тужител од Баварија, јавуваат медиуми.

Извештајот за свештеникот објавен во јануари дава детали за годините на злоупотреба од страна на црковните службеници во надбискупијата.

Наместо да го предадат свештеникот на цивилни обвинители, црковните службеници го преместија на други локации, каде што циклусот започна одново.

Одлуката на почесниот папа отстранува една пречка на патот до можно судење. Доколку поранешниот папа не го презеде овој чекор, ќе беше донесена таканаречена неисполнета пресуда.

Поради застареност, тужбата може само да ја утврди вината на сторителот и да резултира со изрекување на штета.