
Едногласно усвоен деловник, договор за темпото со кое ќе се одвива работата и првичен план како и кои поранешни и сегашни функционери ќе се повикуваат како сведоци. Собраниската Анкетна комисија која треба да утврди дали има политичак одговорност на Клиниката за онкологија и дали се прекршени правата на пациентите денеска ја одржа првата седница – пренесе Телма.
Претседателката на Комисијата, пратеничката Рашела Мизрахи најави дека денеска ќе разговара со поранешни министри за здравство, но не прецизираше дали тие ќе бидат повикани како сведоци и кога.
„Анкетната комисија нема да биде инквизиција, ќе работи објективно и ќе донесе заклучоци врз основ на релеватни и вистинити факти, а наодите и решенијата на Комисијата може да им послужат и на истражните опргани“, најави претседателката Мизрахи.
Анкетната комисија има рок, па затоа седниците ќе биде со згуснат распоред.
Пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ, член на Комисијата, смета дека треба да се испитува работењето на именуваните функционери петнаесетина години наназад.





