Кога беа млади ги градеа железничката пруга „Брчко – Бановиќи“ и автопатот „Братство – Единство“ во тогашната држава Југославија.
Во Велес викендов дојдоа акцијаши – ветерани од Триглав до Вардар. Имаше и млади следбеници од Охрид, од Скопје, од Нови Пазар и од Куманово. Сите присуствуваа на формирањето на велешката Волонтерска младинска бригада „Кочо Рацин“.
На средбата во Велес, организирана од ЗГ „Акцијаш – ветерани“ учествуваа 75 поранешни бригадири од Словенија, од Србија и од Босна и Херцеговина како и 45 ветерани и 70 млади од повеќе градови на Северна Македонија…
Извор: ММЦ





