Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл, позната по тоа што танцуваше со Владимир Путин на нејзината венчавка, ќе се пресели во родниот град на рускиот претседател, Санкт Петербург, за да раководи со тинк-тенк што таа самата го формирала.
„Јас сум ко-основач на центарот ГОРКИ и управувам со него. Бидејќи таму има многу работа и бара многу внимание, (…) решив да се преселам во Санкт Петербург“, изјави Кнајсл за Руската државна новинска агенција ТАСС вчера, како што објави Politico.
Осѝнован во март 2023 година, центарот има за цел да „подготви објективна анализа за да најде решенија“ за целите на руската политика, според неговата веб-страница.
ГОРКИ е поврзан со Државниот универзитет во Санкт Петербург, каде Путин студирал право во 1970-тите.
Кнајсл беше министер за надворешни работи на Австрија од 2017 до 2019 година, номиниран за функцијата од екстремно десничарската Партија на слободата (FPÖ).
Таа беше цел на критики за нејзините блиски врски со рускиот претседател, кој присуствуваше на нејзината свадба во 2018 година на австриските Алпи, и за одморот во Русија неодамна во август, среде војната на Кремљ во Украина.
Говорејќи на Источниот економски форум во Владивосток во вторникот, Кнајсл го критикуваше однесувањето на Австрија кон Русија, споредувајќи го со „шизофренија“.






