Поранешен партиски и државен функционер од СДСМ преминува во приватниот бизнис

Дел од политичарите кои со години биле на функции во власта и во партиските органи, се решаваат да се пробаат и во приватниот бизнис.



Дејан Павлески, поранешен функционер од СДСМ, експретседател на партиската комисија за локална самоуправа, потоа поранешен директор на Агенцијата за странски инвестиции, а своевремено беше и заменик министер во еден од владините ресори, објави дека ќе работи во компанијата „Пантеон“.

„Еден живот, безброј можности и предизвици. И нови почетоци“, напиша Павлески на својот фејсбук профил.

Пантеон е деловен информациски систем, наменет за компаниите, книговодство, и зголемување на нивната ефикасност. 

https://www.facebook.com/dpavleski?fref=nf