Срѓан Димитриевски е командирот кој бил на смена вчеравечер во „Идризово“, кога се случи бегството на затвореникот осуден за обид за убиство и дрога, а полицаец беше повреден, дознава „А1он“.



Порталот дознава дека Димитриевски е лице осудено за примање мито како полициски службеник од МВР, од каде добил отказ, па станал командир во затворот.

Директорот за санкции, Марјан Спасовски за „А1он“ потврди дека бил запознаен со сите овие факти, но не гледа причина зошто би го тргнал од функцијата – командир. Т

„Да, тој е командир во КПУ Идризово. Мислам дека има одлежано затворска казна. Дали затворска казна или притвор не знам меѓутоа мислам дека – да“.

На реакција како може лице кое имало судир со законот да биде командир, директорот Спасовски рече:

„Зошто да го избркам, треба да направи некој посериозен дисциплински прекршок за да биде избркан. Зошто да го бркам?“.