Поранешниот директор Нино Васев, е еден од тројцата приведени денеска на Клиниката за радиотерапија и онкологија, дознава „360 степени“.
Од другите двајца едното е медицинско лице од Онкологија, а другото е вработено во болницата, вели организацискиот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Халид Матоши.
Претходно од Јавното обвинителство потврдија за МИА дека денешпните претреси се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали најавија во текот на денот, иако некои дел од медиумите излегоа со иницијалите на приведените, па дури и со името на поранешниот директор Нино Васев.
„Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот, изјави Матоши на прашањето за колку лица имало налози.
Од утринава се извршени претреси на Клиниката за онкологија кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“.
Директорката на Клиниката за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова исто така потврди дека на Клиниката денеска биле приведени три лица.
Таа рече дека и покрај претресирте „онкологија“ работи и функционира нормално.
„Сите закажани пациенти, тековни прегледи, предвидени терапии на пациентите, како и прием на нови пациенти функционира нормално, работат сите амбуланти. Работиме со полн капацитет во Клиниката и затоа замолувам да не се создава паника, никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планирана терапија“, рече Клисарова.






