Поранешен дипломат со болна порака до Османи по најавата дека Фрчкоски ќе биде амбасадор во ООН

Толку од Ветингот! Поранешниот амбасадор Арсим Зеколи му упати кристално чиста порака на министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако денеска беше објавено дека Љубомир Фрчкоски е предложен за шеф на македонската мисија во Обединетите нации.



Да потсетиме, за Фрчкоски, кој во деведесетите години беше министер во владата на Бранко Црвенковски, веќе имаше обид да биде испратен како амбасадор во Вашингтон, но американската администрација не довозли оваа идеја да се операционализира.

Министерот Османи најави ветинг на сите македонски дипломатски претставници по бројните скандали и лапсузи и особено по аферата со „спасувањето“ од Еременија на лица обвинети од тамошната влада за проневера на пари. Аферата беше дело на тројца македонски дипломати, од кои едниот се наоѓа во екстрадиционен притвор во Србија, каде чека да биде предаден на ерменските власти.

Како предлогот за имеување на Фрчкоски за амбасадор во ООН ќе помогне во средувањето на насобраните проблеми на македонската дипломатија е отворено прашање.