Пораки, докази, скандал, Рашковски: Незгодни прашања до Шилегов

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов доби повеќе прашања за неговата инволвираност во случај против Драги Рашковски против кого обвинителството води повеќе предмети.



Прашањата за еден од скандалите во кои е инволвиран до Шилегов ги поставува Александар Митовски уредник и сопственик на порталот Инфомакс.мк за кој градоначалникот јавно тврди дека има друг сопственик.

“Ја поглуп чоек од Петре Шилегов неам сретнато…

Друже, не знам кој те насамарил, ама уште рогови да ти пораснат и таман ќе бидеш. Да ти олеснам, сопственик на Инфомакс сум јас.

За веста во Сингелиќ, јас лично бев на местото на настан и објавив фотографии со информација дека се работи за сообраќајка, а не за пукање. Тие што објавија дека имало пукање се на платен список на луѓе со кои ти се дружиш.

Имаш 48 часа да се извиниш, поединечно за двете искажани клевети. А, адвокат си, сам знаеш дека си фатен 100:0.

Дополнително, да те известам, до сега не си бил тема на дискусија на редакциски колегиум, од проста причина што си небитен како семафор у Неготино…отсега, ќе ја ревидираме одлуката.

Еве на пример, прва тема ќе биде да видиме дали имаш некаква врска со скандалот во кој првообвинет е Рашковски, дали има можеби докази во форма на пораки, итн…”, пишува Митовски во пораката до Шилегов која е испровоцирана од настапот на градоначалникот кој може да го видите на овој линк.

https://www.facebook.com/p.shilegov/posts/342903393870726