Главниот и одговорен уредник на весникот „Информер“, Драган Вучичевиќ, кој важи за близок на српскиот претседател Александар Вучиќ и на неговата Српска напредна странка, со директна порака за Зоран Заев.
Вучичевиќ е лут што Заев во интервјуто за БГНЕС ги прикажал Србите како окупатори, а Бугарите како ослободители.
„Каков бедник е овој Зоран Заев, неверојатно е!
Бугарите ве ослободија, а ние Србите ве поробивме, Бугарите антифашисти, а ние Србите фашисти?!
Човеку, дали си нормален?!“, прашува контроверзниот Вучичевиќ, чија остра порака до македонскиот премиер, според многумина во Белград, не може да се случи без да знае за тоа српскиот државен врв.





