„Порака на Таравари до ДУИ: Народот против режимот!“

„Народот ќе се ослободи од 20-годишната диктатура на ДУИ! Оваа порака вечерва Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата на Албанците, и ја испрати од Косово на партијата на Али Ахмети“ – пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“.



„ин7“ пишува: „Таравари во ‘Пресинг’ на Т7 вечерва кажа дека ДУИ за 20 години придонела само за заминување 500 илјади Албанци од Македонија.“

„Според него на идните избори народот ќе биде против режимот на ДУИ!“

„Таравари ја обвини ДУИ вечерва и за трговија со тони наркотици, што неодамна изби како скандали откриени во Македонија, како и за помошта Груевски да избега од Дебар со нивна помош.“