Шефот на словачката дипломатија, Иван Корчок и во изјава за тамошните медиуми ѝ порача на неговата колешка од Бугарија, Захариева дека историските прашања кои се обидуваат да ги наметнат не само кон Македонија, туку задираат и во Уставот на Словачка, каде во преамбулата е наведена Моравската мисија и делата на Кирил и Методиј, пренесува Вечер.
„Жал ми е, но моравме да ги блокираме заклучоците на Советот на ЕУ за проширување. Овој документ на несоодветен начин ги внесува на дневен ред чувствителните историски прашања во односите меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати – вели Корчок.
Си реков дека тука има одредена линија, затоа што тогаш не му помагаме на процесот (преговори) и им ја одземаме мотивацијата на земјите кандидати да направат понатамошни реформи и да ги исполнат условите. Проблемот е во тоа што „никој не ја обвинува Македонија дека не ги исполнува условите под кои може да се отворат нови поглавја. Туку дека, наводно, не го исполнува билатералниот договор со Бугарија“.
И покрај блокадата на Словачка и Чешка за историјата против Бугарија, официјална Софија засега нема намера да ги смени своите позиции во однос на Македонија.






