Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговара на нападите од СДСМ од каде го прозиваат за настани во опозицијата кои се случиле во 2016 година.
Мицкоски одговара дека во периодот за кој го обвинува СДСМ тој воопшто не бил дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и им порачува да не запираат со тресењето затоа што нема да има договор со криминалците на Бихаќка.
“Ве тресам јас четврта година по ред, затоа што сте уплашени дека доаѓа денот кога сите вие криминалците обединето и сложно ќе одговарате.
Јас сум генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од август 2017 до декември 2017 година. Вие ќе продолжете да се тресете од стравот дека нема договор со мене, бидејќи јас не се договарам со криминалци”, пишува Мицкоски користејќи ги хапгазите:
#МакедонскаПролет
#ИднинатаЕНаша






