Еден од најлуцидните македонски коментатори на социјалните мрежи Коста Николовски со анализа на трендот во кој голем број од поддржувачите на Преспанскиот договор се обидуваат да се рехабилитираат со напади врз Бугарија откако таа стави вето за македонските преговори за ЕУ.
Николовски говори за десетици такви ликови но анализата ја прави во реакција на колумна на Кица Колбе, Македонка по потекло од Егејска Македонија која е член на Историската комисија со Грција а која беше еден од најголемите бранители на Преспанскиот договор.
Со тој договор Македонија призна поделба со која нејзините роднини Македонци од Егејска Македонија се третираат како дел од Хеленската култура а таа и нејзините роднини во Мскеоднја и други држави се Македонци со словенска култура.
Целиот коментар на Николовски кој порачува дека на сите што го поддржале Преспанскиот договор и урнисувањето на македонскиот идентитет нема да им биде заборавено.
Постот на Николовски:
На сите северни крлежи, од најмало до најголемо, од Бунтур до Заев, бугарската епизода им дојде како невидена шанса да почнат да глумат хуманост, чесност, принципиелност и национална свест, пишува .
Се јави и Кица Колбе.
Нејзината најнова теза е:
– дека почитувањето на националниот идентитет, јазикот и правото на сопствена историја е европски принцип;
– дека историјата не може да се споделува кога посилниот партнер вели дека таа е само негова;
– дека посакуваното приближување на Бугарите и Македонците може да се случи само во ЕУ-контекст;
– дека бугарското вето е контрапродуктивно.
Просто да се расплачеш од милина.
Арно ама, разбран човек мора да знае: кога пијавицата му пушта сок врз кожата, тоа не е зашто сака да го бакне, туку за полесно да то продупи и да ти ја цица крвта.
Затоа, да ги повториме и работите што Кица Колбе не ги кажува во нејзиниот “хуманистички“ памфлет:
1. Со Преспанскиот договор грубо е повреден европскиот принцип за почитување на националниот идентитет и правото на сопствено толкување на историјата.
2. Темелите врз кои е изградена квислиншката творевина Северна се засновани врз антиевропските принципи на Преспанскиот договор.
3. Бугарија не преговара со Македонија, туку со Северна. Од оваа квислиншка творевина Бугарија не бара ништо повеќе и ништо помалку освен – да биде доследна на антиевропските принципи врз кои се темели нејзиното постоење.
4. Кица Колбе е еден од водечките застапници и подржаватели на Преспанското начело за непочитување на националниот идентитет и негирање на правото на сопствена историја
Не треба многу ум од Аристотел, за да се извлече еден прост заклучок.
Не е можно едновремено да се точни и двете тези. Или Кица Колбе лаже кога вели дека Преспанскиот договор е патот кон Европа пр5ијателство, мир и благосостојба – или пак лаже сега кога вели дека принципите врз кои е поставен Преспанскиот договор се антиевропски.
Може си мисли дека сите што ја читаат имааат меморија колку и нејзиниот гуру од Муртино, и не памтат ни што рекле, ни што слушнале вчера.
Попусто се надеваш, Кица. Ништо нема да ви биде заборавено.
Николовски реагира на колумната на Колбе на ДВ






