По четири години подготовка, следната недела започнува маневрот на НАТО „Ердифендер 23“.
Тоа ќе биде најголемата воздушна вежба во својата историја на небото над Германија. ежбите се порака и до исток.
Истовремено, тоа е несомнено најголемиот предизвик за германското воено воздухопловство во последните неколку децении, пишува Дојче веле.
Тоа е најголемата вежба од ваков вид во постоењето на овој воен сојуз. Од 12 до 23 јуни Германија ќе биде логистички центар. Во одредени периоди на шест воени аеродроми во земјата ќе бидат стационирани 250 авиони.
Во вежбата се вклучени вкупно 25 земји.
Само САД испраќаат 100 авиони преку Атлантикот.
Одржувањето редовен распоред на летови во цивилниот сообраќај за време на вежбата е еден од најголемите предизвици бидејќи небото над Европа со Германија во центарот е еден од најпрометните воздушни простори во светот.
Затоа, воздухопловните експерти со интерес гледаат дали, паралелно со „Air Defender 23“, цивилниот воздушен сообраќај може да продолжи да функционира без поголеми прекини.







