На денот кога внукот на Али Ахмети, Дрин, објави дека без еден денар свој свој влог станува сопственик во ТЦ Соравија односно милионер преку ноќ премиерот Ковачевски се сликаше во финансиската полиција.
Управата за финансиска полиција е институцијата која што може и треба да истражи дали во процесот на енормно збогатување на Дрин Ахмети има финансиски неправилности и дали е прекршен законот.
Извори во владата велат дека датумот се совпаднал случајно и дека Ковачевски не отишол на прославата на УФП за да му упати порака на Ахмети дека ќе го истражува неговиот супербрзо збогатен внук но признаваат дека за најновиот скандал премиерот ќе мора да преземе мерки за расчистување.
Вакви мерки се веќе побарани од европски партнери на Македонија со цел да се расчистат релациите меѓу фирми кои добивале пари од европски проекти каде учествувале и фирмите на кланот Ахмети со најновата аквизиција на 39 проценти од скапиот трговски центар од страна на Дрин Ахмети.
,,Честитки за 20 годишниот јубилеј на Управата за финансиска полиција, институција која низ годините, како важна алка во системот за борба против организираниот финансиски криминал и корупцијата покажа високо ниво на професионалност, транспарентност и стручност.
Очекувам поголема ефикасност, подобри резултати и нови и поголеми успеси на овој план во иднина. Ова е особено важно во контекст на отворањето на преговорите со ЕУ, што за нашите граѓани значи нова можност за подобар животен стандард, подобри услуги за граѓаните, економски напредок, врвна демократија, и секако подобро владеење на правото, за што сите релевантни институции, вклучително и Управата за финансиска полиција треба и ќе дадат свој придонес.
Работата според европски стандарди носи заеднички успеси по македонскиот европски пат”, објави Ковачевски по посетата на управата за финансиска полиција.
Најнови вести
Министерот Спасовски измамил најдобар криминолог од Факултетот за безбедност






