Пратеникот Кастриот Реџепи со полициско обезбедување денеска се појави во Собранието. Пратеникот кој беше причина за целодневната драма во четвртокот кога требаше да се гласа за недоверба на Владата изјави дека самоволно се засолнил тој ден иако сакал да дојде на седница, да земе збор и да гласа против иницијативата на опозицијата. Иако претходно се потпиша, по одлуката да се одложи на неодредено време оставката на премиерот Заев, Реџепи се предомислил.
Реџепи вели дека во четвртокот добивал закани по живот за кои се обратил во полиција.
Пратеникот не објасни ви детали како ги добил заканите додека имал исклучен телефон.
Реџепи се уште се смета за пратеник на Беса, тврди дека партијата и натаму е дел од владејачкото мнозинство и ќе ја чека одлуката на Централниот одбор. Во комуникација е со премиерот Заев и се надева дека Македонија на 14 декември ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ.





