Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека во МВР е формиран посебен штаб поради дојавите за бомби во изминатиов период.
„Очекувам да се свика и Советот за координација на којшто ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Ангецијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел.
Бидејќи ако дојавите се најава за тероризам тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата“, изјави Спасовски.
Според него, дел од пораките кои што се пратени се исти како оние кои ги добиваат и земјите во регионот.







