Педесетина ученици од селата Горно Косоврасти и Долно Косоврасти кои учат во дебарската гимназија нема да одат на настава додека не се реши проблемот со нивниот транспорт до средното училиште.
Децата ги превезува компанијата Газменд Хисари а нивни родители се сомневаат дека децата се возата со неисправни возила!
Родителите кои го контактираа expres.mk барајќи помош прашуваат кој ќе одговара ако на нивните деца им се случи втора Беса транс: Министрите за полиција и за образование Спасоски и Шаќири или пак дебарскиот градоначалник Хекуран Дука?
Родителите за expres.mk велат дека децата никогаш навреме не се вратени дома иако од Дебар треба да да тргнат во 14:30.
Во очекување на превозот кој го плаќа општината Дебар тие си одат дури навечер откако по цел ден мораат да шетаат низ Дебар додека чекаат да дојде комбе.
На двапати досега е испратена петиција до градоначалникот во Дебар Хекуран Дука ама од таму нема никаков одговор, велат родителите кои велат дека веќе не ги пуштаат децата на училиште додека не се проверат возилата на превозникот и не се организира превозот според точно утврдениот временски план.
Најчитана вест
Шефот на државата признава дека спасот за струјата се бара со молење






