Поради снегот затворени повеќе патни правци

Според информациите од АМСМ повеќе патни правци во државава се затворени за сообраќај поради снегот. Службите информираат дека од 17:20 часот патниот правец Струга- ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.
Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила, а исто и на патниот правец Превој-Буково, и обратно.
Патниот правец Гостивар-Стража пак од попладнево e целосно затворен за сообраќај.
Од 17:20 патниот правец Струга – ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.
„Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ, а
Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
Службите предупредуваат дека е задолжително користење на зимска опрема (ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.