Жителите на Оризари бараат од Електродистрибуција веднаш да биде отстранет проблемот и тие да добијат електрична енергија, без разлика што дефектот поради кој ова село, како и шест други, остана без струја е несовесното однесување на жителите на селото Слупчане.
Револтирана група на жители на селото Оризари, бидејќи од вчера немаат струја, утрово насилно влегла во просториите на ЕВН во Куманово, велат извори од Електродистрибуција за Плусинфо.
Поради насилниот влез во зградата на ЕВН во Куманово, од Електродиструбуција биле принудени да повикаат екипи на МВР кои веднаш пристигнале и извадиле револтираните жители на Оризари надвор од просториите на компанијата.
„Вработените на КЕЦ Куманово ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа. Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН–Куманово нема да работи“, в елат од ЕВН за Плусинфо.
По вчерашниот упад на жителите на Слупчане во трафостаниците на ЕВН, селото, но и с. Оризари се сѐ уште без напојување.







