Поради силен ветар нема да работи жичницата на Водно

Управата за хидрометереолошки работи (УХМР) соопшти дека во земјава денеска ќе биде променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува силен ветер од северен правец и со брзина од над 70 км/час.



Поради несоодветни временски услови за работа, жичницата денеска не почна со работа вообичаено од 10 часот, соопшти ЈСП „Скопје“.

„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичница ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП.

Вчера во 15:40 часот , граѓани со мали деца пријавиле на телефонскиот број за итни повици 112 дека поради силните ветрови вработените на жичницата не им дозволиле да се симнат. Со интервенција на Град Скопје и Црвениот Крст, групата безбедно се симнала, јави СДК.