Неможноста на вршителот на должност премиер на државата, социјалистот Педро Санчез ни при второто гласање во тамошниот парламент не успеа да обезбеди мнозинство за состав на нова влада.
Наместо на самитот во Лондон кој треба да се одржи во декември, Македонија би можела да стане полноправна членка на НАТО еден или два месеци подоцна.
Причина е политичката криза во Шпанија каде В.Д. премиерот Педро санчез и по второто гласање во шпанскиот парламент не успеа да обезбеди мнозинство за да состави влада.
Според тамошните закони почнува да тече рокот од два месеца во кој ќе се направи обид да се формира мнозинство, а ако тоа не се случи земјата ќе оди на повторени избори.
Во таков случај, новиот парламент нема да може полноправно да одлучува, а со тоа и нема да може да ратификува протоколот за членството на Македонија во Алијансата, па ратификацијата ќе остане за наредната година.
Извор: Канал 5




