Поради куќниот притвор, Стевчо Јакимовски ќе гласа во сабота

Поранешниот градоначалник на Карпош останува во куќен притвор, по одлука на Кривичниот суд оваа мерка да му да му биде продолжена за уште 30 дена.



Стевчо Јакимовски, според ова, ќе гласа во сабота, пред изборниот ден, кога гласаат притворениците, затворениците и болните и изнемоштените.

Јакимовски пред еден месец беше уапсен како осомничен во истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела како незаконска легализација и продажба на земјиште, бесправно градење и садење цвеќе. Меѓу осомничените има и бизнисмени од градежниот сектор.