Претседателот на Институтот за светска економија во германскиот град Кил, Габриел Фелбермајер очекува дека секој Германец ќе биде посиромашен за најмалку 2.600 евра поради коронавирусот.
Владата проценува дека економијата ќе биде има пад од 6,3 проценти, но Фелбермајр пресдвидува опаѓање од 10 проценти.
„Ако прогнозата на владата се оствари тогаш кризата секој Германец, вклучително и деца и стари лица, ќе го чини по 2.600 евра“, рече тој за „Билд“.
Тој вели дека сумата може да се искачи и на 3.500 евра ако работите тргнат наопаку.Фелбермајр предвидува и повисок „минус“ од 10 проценти ако има нови ограничувања поради криззата со коронавирусот.
„Треба сериозно да ја сфатиме економската димензија на кризата“, предупредува тој.
„Ова ќе биде најтешката рецесија по Втората светска војна. Треба да бидеме свесни за тоа денес“, заклучи Фелбермајр.





