Форбс: 226 богати веќе не се милијардери!?

Во првата половина на март, 226 лица го загубија статусот на милијардер, како резултат на економскиот крах, предизвикан од пандемијата накоронавирус, соопшти „Форбс“.



Вкупното богатство на светските милијардери е околу осум трилиони долари, или 700 милијарди долари впомалку во однос на 2019 година, поради што 226 богаташи отпаднаа од листата милијардери.

Според „Форбс“сега има вкупно 2.095 милијардери.

На врвот на најбогатите во светот сотанува Џеф Безос веќе трета година по ред, со 113 милијарди долари.

Бил Гејтс го држи второто место со богатство од 98 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди американски долари повеќе од минатата година.