Британскиот премиер Риши Сунак е под истрага од парламентарната Комисија за стандарди поради сомневање за непријавување приходи и конфликт на интереси, пишува Би-Би-Си.
Во почетната фаза од истрагата, се верува дека станува збор за фирма за згрижување деца во која била вклучена сопругата на премиерот, Акшата Мурти.
Сопругата на Ковечевски влегува во бизнис со струја
Минатиот месец Руши Сунак мораше да одговара на прашања за акциите што ги поседува неговата сопруга во агенцијата за згрижување деца Кору Кидс.
На 6 март, Акшата Мурти беше наведена како акционер во една од овие агенции.
Би-Би-Си забележува дека кога бил сослушан од Комисијата на 28 март, Руши Сунак не ги спомнал врските на неговата сопруга со Кору Кидс и одговорил дека „сите негови приходи се транспарентно декларирани на нормален начин“.
Неколку дена по сослушувањето пред Комисијата, Сунак испрати писмо во кое изјави дека може да има „потенцијален конфликт на интереси“ во приходите на неговата сопруга.
Кодексот на однесување на пратениците не бара од нив да ги регистрираат приходите на сопругите/сопружниците или партнери.
Меѓутоа, министерскиот код бара пријавување на приходите на брачниот другар или партнерот и може да се смета дека има конфликт на интереси.







