Синоќешното интервју на претседателот Стево Пендаровски на телевизијата ТВ 21 било одложено поради безбедносни причини.
„Телевизијата се наоѓа во близина на Собранието, каде што се одржуваат насилните протести и поради безбедносни причини претседателот не може да ни биде гостин,“ изјави синоќа водителот на емисијата „Клик плус“, Борјан Јовановски.
Тој најави дека закажаното интервју ќе биде реализирано веќерва
Се огласи и Пендаровски, кој објави дека интервјуто е одложено поради тоа што околу телевизијата бил воспоставен посебен сообраќаен режим.
„Во оваа прилика сакам да го осудам насилството како метод во политиката што не би требало да има место во современите демократии“. (ВИДЕО)







