Поради атлетска трка, посебен сообраќаен режим во Скопје

Денеска од 8 часот, во организација на атлетски клуб „Korrunners“, во Скопје во тек е уличната трка „Колорран 2022“.



Како што соопштија од МВР, трката ќе се одвива по следнава траса:

Старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по бул.„Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по бул.„Гоце Делчев“, лево по ул.„Беласица“ до стартно-целната позиција.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.