Поради 9 заразени, треба да се уништат 9.000 свињи

На голема свињарска фарма во село Таринци општина Карбинци, на истокот од земјава регистрирана е „африканска свинска чума“ поради што треба да се уништат 9.000 свињи.



Канал 5 дознава дека се работи за девет позитивни случаи, што според експертите ќе мора да се уништат сите 9 илјади свињи на фармата, што ќе опретставува сериозен удар за целиот сектор за производство на свинско месо.

Тие сметаат дека превентивните мерки кои требаше да ги спроведеува државата за кои имаше неколку години затаија и не успеа да се заштити една од најголемите свињарски фарми на истокот која годишно произведува 4 милиони колограми свински месо и снабдува 20% од месарниците со месо.

Сега според професорот по свињарство Вуковиќ мора да се презмеат итни мерки за да се запре ширењето да не дојде до екслозија на вирусот и да се заштитат останатаите големи свињарски фарми кои го снабдувата пазарот во земјава со свинско месо.

Финансиските загуби според проценките ќе се бројат во милиони евра а најголемата сметка за тоа што не се спречи ширењето со превентивни мерки ќе ја платат граѓаните преку дестабилизација на пазарот со месо и раст на цените на свинското нешто што веќе се случува во Србија и Хравтска по појавата на болеста во тамошни неколку големи свињaрски фарми.