На Твитер се појави слика со телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и од нивната коалиција, во пресрет на утрешната пленарна седница на македонското собрание на која ќе биде разгледуван „францускиот предлог“.
Насловот на сликата: „Порачајте им да не го предаваат народот“, сугерира дека ова е начин да им се изврши притисок да гласаат против заклучоци со кои и се отвори можност на Владата да го прифати „францускиот предлог“.
Иако припаѓаат на истата коалиција, од листата се изоставени броевите на кои може да се контактираат пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС. Овиe три партии кои во Собранието се претставени со 4 пратеници во изминатиот период изразија резерва околу можноста да го поддржат предлогот.





