Попушти ли ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Ескобар што заврши пред малку?

Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ раководството на партијата на средбата во американската амбасада останало на своите ставови дека промена на уставот под бугарски диктат нема.



Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД, Ангела Агелер.

На средбата беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени, се вели во информацијата од ВМРО ДПМНЕ од каде велат
дека од двете страни била потенцирана потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.

Претседателот Мицкоски потенцирал дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД.

,,Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности.

Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести

Кога лажните борци против лажните вести се фатени како манипулираат

Уредникот чија емисија ја злоупотреби Фронтлајн на Дерала: Слуги на партија го уништуваат новинарството