„Постигнат е одреден напредок“ со Унгарија за руските санкции, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која синоќа се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Главна тема на преговорите беа предлозите за ембарго на руските горива.
Сепак, шефицана на ЕК рече дека и покрај постигнатиот напредок – за кој не се коментираат детали – „потребна е повеќе работа“.
„Вечерашната дискусија со премиерот Виктор Орбан беше корисна за разјаснување на прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност. Постигнавме напредок, но потребна е повеќе работа“, додаде Фон дер Лајен.






