Во текот на 2023-та бројот на жители на планетата се зголемил за 75 милиони, а на Нова година ќе има повеќе од осум милијарди луѓе во светот, покажуваат објавените податоци на американското Биро за цензус.



Веќе на 1 јануари бројот на луѓето на светот ќе биде 8,019,876,189.

На почетокот на 2024 година се очекува секоја секунда во светот да има 4,3 раѓања и два смртни случаи, покажуваат податоците на Бирото.