Поповски „препорачува“ промена на Уставот, оти ЕУ била „многу посветена на проширувањето“, а од тоа им „растел рејтингот на СДСМ и коалицијата“!

„Подобра атмосфера за забрзана интеграција немало од последното големо проширување во 2004-та година. Со оглед на низа аргументи, вклучувајќи и безбедносни, кои се запоставуваат, моја препорака е е да ги искористиме овие околности и да ја направиме измената на Уставот.“ – вели Тони Поповски, прв министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Македонија, во својата колумна со наслов „После изгор лето влегуваме во жешка политичка есен“, која ја објави и „Рацин.мк“.



Покрај другото, Поповски пишува: Политичката температура најавува екстремно жешка политичка есен. На надворешен план очигледно е дека има позитивна динамика по однос на посветеноста на ЕУ да се забрза процесот на проширување напоредно со процесот на внатрешна реформа ,кој за цел би имал ефикасно фукционирање на „ЕУ30+ (плус)“.

На внатрешен план негативни реакции кај општата и стручната јавност предизвикаа две иницијативи: првата за измена и дополнување на Кривичниот законик и втората за донесување Закон за амнестија. Иако власта се обидува да објасни и да аргументира дека двете иницијативи се неповрзани со иницијативата за уставните измени, сепак тие се совпаѓаат со остро поларизираните ставови на партиите за уставните измени. Истовремено се случи и размена на меѓусебни обвинувања меѓу Груевски и Мицкоски, која ја подгреа сомничавоста дека законодавните иницијативи сепак имаат некаква поврзаност со уставните измени.

Од една страна, позитивната динамика во ЕУ придонесува за поткревање на рејтингот на СДСМ и владините коалициски партнери. Од друга страна законодавните инцијативи влијаат негативно врз рејтингот на СДСМ, која на некој начин остана изолирана во поддршката на законодавните иницијативи: помалите партнери се или воздржани, или против, а негативен став за нив искажаа и неколкумина истакнати партиски активисти.

Кавгата „Груевски – Мицкоски“ нанесе повеќе штета врз рејтингот на СДСМ, отколку врз ВМРО-ДПМНЕ, поради силните шпекулаци во јавноста дека се работи за тактички маневар за „враќање во живот“ на Груевски, со цел да се разниша, или да се подели ВМРО-ДПМНЕ. Самото спомнување на Груевски во претежно граѓански ориентирани кругови на избирачи се уште предизвикува одбивност до таа мерка, што ја става во втор план и наклонетоста кон одлучно исчекорување кон ЕУ.

.