Поповски: Јавниот долг добива застрашувачки димензии

Доколку продолжиме со ова темпо да се задолжуваме, земјава ќе падне во должничка криза, коментира за Алсат  универзитетскиот професор и поранешен министер за финасии, Никола Поповски.



Тој оценува дека јавниот долг на Македонија добива димензии кои се застрашувачки а доколку продолжи да расте, нема да може да се сервисираат долговите.

„Со вакво темпо, на долг рок постои ризик од финансиска нестабилност, со што нема да имаме економски раст и развој“, вели Поповски.

Висината на јавниот долг заклучно до јуни изнесува 7,4 милијарди евра или 64,4 проценти од БДП.