Поповски: Бугарија е оставена да прави што сака

Поранешниот министер за финасии и висок партиски функционер во СДСМ Никола Поповски се сомнева дека ЕУ ја притиска Бугарија и не ја остава да прави што сака, како што изјави холандскиот премиер Марк Руте при посетата на Македонија во средата.



„Овој господин едноставно не ја зборува вистината, односно сите нас не` л*ж*.

Бугарија де факто е оставена да прави што сака.

Впрочем и неговата држава најчесто го правеше истото тоа во минатото и не е исклучено пак да го прави.

Сетете се на Меркел со своите ветувања пред промената на името на државата“, напиша Поповски на Фејсбук.

Холандскиот премиер во Скопје изјави дека смета оти Македонија заслужува да ги почне преговорите со Европската унија.