Продолжувањето на преговорите со Бугарија може да предизвика последици по владата но и по македонските евроинтеграции навестува политикологот Миша Поповиќ од Институтот за демократија – Социетас Цивилис.
“Ако владата стави пауза на преговорите сега, ќе си направи себе и на европските аспирации поголема услуга отколку ако сега ги продолжи, кога е очигледно дека нема да дојде до конструктивен исход”, пишува Поповиќ во врска со инсистирањето на владата да ги продолжи разговорите со Бугарија и покрај тоа што е извесно дека не може да има развој на настаните кој би бил прифатлив за Македонија.
ако @VladaMK стави пауза на преговорите сега, ќе си направи себе и на европските аспирации поголема услуга отколку ако сега ги продолжи, кога е очигледно дека нема да дојде до конструктивен исход.
— Misha Popovikj (@popmisa) December 3, 2020






