Поповиќ: Лоша вест од Грција за Македонија

Експертот од Институтот за Демократија Миша Поповиќ смета дека одлуката на врховниот суд на Грција за екстрадиција на Бошковски и Грујовски е лоша за Македонија.



Позицијата на судот во Атина според кој двајцата екс припадници на УБК не смеат да се вратат во матичната земја поради тоа што во неа нема фер судење и биле амнестирани, може да предизвика верижна реакција во Македонија со користење на преседанот направен вчера.

“Лоша вест од Грција. Признавањето на амнестијата од грчкиот Врховен суд е индикација дека и други сега обвинети, и идно обвинети а амнестирани ќе може да се повикаат на ова на високи инстанци како Европскиот Суд за Човекови Права”, смета Поповиќ.