Екс министерот за надворешни работи кој до 2017 година ги раководеше преговорите со Бугарија смета дека Софија користи силеџиство во односите со Македонија.
Во интервју за Сител Никола Попоски смета дека владата греши што го крие протоколот и ја префрла топката на Собранието.
За Попоски тоа што протоколот можеби нема да биде формално дел од преговарачката рамка не и помага на Македонија затоа што преку него Бугарија индиректно ќе го контролира процесот на преговори и ќе ја уценува Македонија.
Зошто тие што сега се противат на францускиот предлог во 2017 не антиципираа каде не води догоротот со Бугарија прашува екс шефот на дипломатијата кој тврди дека Хрватска никогаш немаше да влезе во ЕУ ако се соочеше со силеџиски однос од Словенија каков што сега има Бугарија кон Македонија.
Целото интервју на Попоски за Сител:






