Променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови.
Температурите ќе достигнат до 33 степени.
Во Скопје преку денот со повремено засилен променлив ветер. Претпладне ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме.
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта.





