Пописот зависи од Комисијата за заразни болести, вели Симовски

Одлука за одложување на пописот не е во делокруг на Државниот завод за статистика, порача директорот на ДЗС, Апостол Симовски, а до евентуално одложување на пописот може да дојде само доколку за тоа даде препорака Комисијата за заразни болести.



Пописот треба да се одржи во периодот од 1 до 21 април.

„Оваа одлука не е на Државниот завод за статистика. Доколку Комисијата за заразни болести оцени дека состојбата е таква и им препорача на Кризниот штаб и Владата и се донесат соодветни одлуки за одложување на пописот, ние ќе ги почитувани сите донесени одлуки. Засега се раководиме според постоечкиот оперативен план“, изјави Симовски за МИА.