Пописот под партиска контрола, кој ќе верува на резултатите

На Фејсбук профилот на СДСМ – Охрид, е објавен конкурс за реонски попишувачи и инструктори кои ќе работат за државна институција Завод за статистика.



Постот беше објавен во текот на вчерашниот ден.

Објавата која асоцира на партиско влијание на пописот можете да ја погледнете подолу, а оваа активност на официјален партиски огранок е само аргумент плус за многумина кои го критикуваат процесот во јавноста.

Главните критики се однесуваат на тоа дека наводно бројките и процентите се однапред договорени, како и дека постои опасност од ширење на коронавирусот од попишувачите.

Според законот еднаш веќе пописот беше делумно партизиран откако општинските секретари доминантно од СДСМ и ДУИ станаа шефови на реонските пописни комисии и именуваат членови во нив.

ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс… пишува во објавата постирано СДСМ Охрид.

Неколку часа по објавата, откако беше жестоко критикувана од многумина, истата беше избришана од страна на админите.