Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, за Плусинфо изјави дека ќе биде испратено соопштение до јавноста преку кое ќе им се соопшти на граѓаните дали, постои потреба да се бара продолжување на пописот, кој според законот што го донесе Собранието, треба да заврши во рок од 25 дена.
Вели дека денеска првпат слушнал од новинарите дека собранискиот спикер Талат Џафери најавил можност за продолжување на рокот и по 30-ти септември поради хакерските напади на почетокот на пописот..
Од друга страна, пак, токму од Државниот завод за статистика вчера истакнаа дека не е исклучена можноста да биде побаран дополнителен рок за продолжување на регистрацијата на терен.
– Како ќе се одвива работата на терен зависи од работата на попишувачите и однесувањето на граѓаните. Ако завршат на време, тогаш можеме да кажеме дека процесот е успешно завршен, а ако не, тогаш сме тука да побараме од надлежните органи да го продолжат рокот за регистрација толку денови колку што е потребно. Знаете дека цели пет дена скоро и да не работевме поради хакерски напади и тоа нè направи да бидеме под временски притисок. Доколку е потребно, ќе побараме овие денови да бидат надоместени – изјавија вчера од Државниот завод за статистика.
Јасмина Ѓоргиева, задолжена за односи со јавност во ДЗС, рече дека вчерашната изјава за евентуално продолжување на пописот ја дал заменик-директорот Илми Селмани, но како што рече, медиумите погрешно ја пренеле.






