Поранешната директорка на Државниот завод за статистика Благица Новковска во „Трилинг“ во 24 Телвизија, оцени дека пописот е добро осмислена манипулација:



Критериуми за тоа кои ќе бидат блиски лица нема во Методологијата, а соседите не можат да даваат приватни информации за лицата предмет на попишување.

„За тие дилеми кој може да ги дава податоците за другите, според моите сознанија не знам каде даваат податоци за членови на семејство, лица кои не се членови на семејствата.

Како илустрација да спомнам во Методологијата, а тоа е и вообичаено прашање се прашуваат женските деца над 11 години колку имаа живородени деца, дали имале починати деца, кои комшии ги знаат тие интимни податоци“, вели Новковска.

Таа вели дека Законот и Методологијата имаат многу контрадикторности, нема критериум за тоа „кој најдобро ги знае“ лицата кои ќе бидат предмет на попишување.

„Ова е добро осмислена манипулација, ако е дадена можноста да се даде само единствениот матичен број и не е дефинирано никаде на кој начин тоа ќе биде потврдено“, вели Новковска.