Скопскиот регион е единствен од сите осум статистички региони во државата каде во последните 20 години има раст на бројот на жители, домаќинства и станови. Во него живеат 33,04 проценти од вкупното резидентно население во земјава и е најгусто населен со 334,99 жители на километар квадратен.
Вардарскиот регион е единствен каде што има намалување и на населението, но и на домаќинствата и становите. Има загубено 10,23 проценти од населението и е најретко населен регион со 34,3 жители на метар квадратен.
Процентуално најголем пад во бројот на население имаат Југозападниот регион – 19,93% и Источниот регион – 17,39%. Интересно е дека, иако бројот на жители во последните 20 години и во двата статистички региони е намален, бројот на станови бележи раст од 26,09% и 14,32%.
Полошкиот регион, иако за 20 години има загубено најголем број на население во апсолутни бројки – 52.573, е втор најгусто населен регион со 104,1 жител на квадратен километар.
Пелагонискиот регион, кој територијално е најголем од сите статистички региони, за 20 години загубил 11,63 проценти или по 5,8 жители на квадратен километар и е трет по вкупниот број на жители со 210.431.
Југоисточниот регион за 20 години има загубено 13,43 проценти од жителите, додека Североисточниот регион 11,46 проценти или по 8,4 и по 8,5 жители на квадратен километар.
Според податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, 2021 – вкупното резидентно население во земјава изнесува 1.836.713 лица.
Линк до целиот текст.





