Поп Дучева открива одмаздничка ,,новинарска” мафија во ,,Слободен Печат”

На Југослава Дуковска во медиумот Слободен печат не и е продолжен договорот за работа од страна на Сашо Ордановски кој од неодамна доаѓа на местото уредник во Слободен печат и сопствениците Драган Живковиќ и Мирослав Јовановиќ.



Ова го објавува професорката Светлана Поп Дучева која открива дека и покрај тоа што и е кажано дека немаат никаква забелешка на нејзината работа Дуковска едноставно е отпуштена.

Покрај неа менаџментот на Слободен Печат отпуштила уште една новинарка и тоа на само три години пред пензија.

,,Објавава не ја пишувам за да ја сожалувате Јуца (Југослава Дуковска), таа е планина од човек, беспрекорен професионалец туку за да се информира јавноста дека не постои само урбана мафија поврзана со хохштаплери од најразновидна политичка провиниенција, партиски циркузанти, кловнови, пиуни и песови поврзани со малограѓанска клиентела која со тендери и „шуш буш“ бизнис се збогатија на грбот на чесен народ, туку дека постои и „новинарска“ мафија или агентура по примерот на Штази, која селектира, елиминира и отстранува се што не им одговара затоа што ја зборуваат вистината.

Која е Југослава Дуковска не треба посебно да се објаснува, се сомневам дека не ви е позната бидејќи е долгогодишен новинар, познат екологист, екоактивист, анагажиран новинар и тука на Фејсбук. Постојано информира со цел заштита на природните убавини на Македонија, професионалец, другарчина, човек со вредности и принципи, но штом најдобрите ги бркаат од работа, а други се сликаат во знак на подобност со министерот за здравство (во заминување) јасно е, тоа е принцип и јавноста треба да знае.
Само од нас зависи дали ќе дозволиме.
Јуца, со тебе сум”, пишува професорката Поп Дучева за реваншизмот во Слободен Печат.

Слободен Печат е еден од неколкуте печатени медиуми кои секоја година добиваат сериозна финансиска поддршка од владата.

Фото: Југослава Дуковска ФБ профил