Двете компании кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa го известиле Министерството за здравство дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот, поради што тендерот ќе биде поништен.
Македонија доби 12 респираторни машини од ЕУ со што се надополнија посточеките капацитети.
„Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини“, соопшти Министерството за здравство.
На респираторна машина сега има приклучено вкупно 11 пациенти.





